Екстремното крило на национално-популистичката Алтернатива за Германија (АфД) е под лупа на Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок, јави германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на безбедносни извори.
Од почетокот на 2019 година, Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок ја разгледува можноста за воведување контрола врз активноста на екстремното крило на АфД, едноставно наречено „Крило”. Сега е донесена одлука тој дел од партијата да се стави под постојан надзор.
Директорот на Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок, Томас Халденванг, ќе објави детали за одлуката во текот на денот. Во канцеларијата за заштита на уставниот поредок дошле до заклучок дека ова крило на АфД претставува „екстремно десничарски” цели.