Пејачката Елена Ристеска деновиве откри дека е повторно заљубена. Таа објави фотографија на која позира со својот дечко во Мајами.
Во описот на фотографијата напиша дека започнува нова ера на приказна без крај.
– Ова е почеток на нова ера, на една приказна без крај, приказна за вистинската љубов. Со активирање на твоите сетила и твојата интуиција ќе го најдеш вистинскиот – пишува Елена.
А, доказ дека на нејзината среќа се радуваат и нејзините следбеници е тоа што тие ѝ честитаа и ѝ посакаа многу среќа.