Канадскиот премиер, Џастин Трудо, во домашна изолација

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, одлучи да се самоизолира кога неговата сопруга Софи добила симптоми на грип. Таа е тестирана за коронавирус, а резултатите се чекаат, пренесува „Ројтерс“.

„Бидејќи премиерот не покажува никакви симптоми, лекарите препорачаа тој да ги продолжи своите дневни активности, но да ја следи состојбата. Сепак, заради претпазливост, премиерот се реши на самоизолација и да работи од дома сè додека не стигнат резултатите од тестот на сопругата“, се вели во соопштението од кабинетот на Трудо.

Според Би-би-си, сопругата на канадскиот премиер почнала да покажува симптоми на грип, вклучително и лесна треска, доцна вчера, по враќањето од Лондон.

Треба да знаете
Последни објави