Сите пет членови на Управниот одбор на фармацевтската компанија „Алкалоид“ се стекнаа со дополнителен број на акции. Тие купија 1750 обични акции на компанијата. По 250 обични акции купија Живко Мукаетов, претседател на Управен одбор и генерален директор на компанијата, како и членовите на Управен одбор Ѓорѓи Јованов и Милкица Глигорова. Виктор Стојчевски и Ќире Ицев кои се исто така членови на Управниот одбор купија по 500 обични акции на „Алкалоид“.
Кога е извршено купувањето на акциите од Управниот одбор на компанијата на сајтот на Македонска берза не се наведува информација, а нема и информација колку вкупно акции сега поседуваат членовите на Управниот одбор и по која цена се купени акциите.
Компанијата преку берзата информира и дека купила сопствени акции и тоа вкупно 800 обични акции по цена од 13.100 денари со што сега поседува поседува вкупно 22.557 сопствени акции, што претставува 1,58% од вкупниот број на издадени акции од „Алкалоид“. Оваа трансакција е извршена на 6 март.