Основниот граѓански суд – Скопје, ги негира наводите дека во овој суд се одлагаат рочиштата поради превенција за ширење на болеста COVID 19 (коронавирус), информираат од Одделението за односи со јавноста.
Воедно, оттаму потенцираат дека се одлагаат само оние рочишта каде од страна на странката е даден предлог за одлагање, односно за кои одлагањето е предвидено согласно одредбите од Законот за парнична постапка, како и оние рочишта кај оние судии кои се опфатени со мерките на Владата на Република Северна Македонија за ослободување од работни обврски.
– Во моментов во судот се одлагаат рочиштата само на вкупно 10 судии и тоа на тројца судии кои се во самоизолација поради патување во странство, на пет судии кои ја користат мерката за ослободување од работни обврски на родител на дете до 10 години и на двајца судии кои се хронично болни, се вели во соопштението на Основниот граѓански суд – Скопје.
Истовремено оттаму поосчуваат дека тие во целост ги применуваат заклучоците од Владата на Република Северна Македонија за спроведување на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID 19 (коронавирус) и истите ќе ги применува сè до донесување на нови мерки и препораки од страна на Владата на РСМ.