Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е истрошени и стари режимски кадри на Груевски, олицетворение на криминал

Изјава за медиуми, Снежана Калеска Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка

 
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Нивната кандидатска листа за пратеници е истата груевистичко- режимска кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад, ништо повеќе.
Антонио Милошоски, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупција, изолација, лажни вести.
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е истрошени и стари режимски кадри на Никола Груевски.
Христијан Мицкоски потврди дека се плаши од Зоран Заев и дека е свесен за изборниот пораз на 12-ти април. Затоа и  избега од директно изборно соочување со претседателот Заев и не се кандидираше на престојните парламентарни избори.
Дека ВМРО-ДПМНЕ нуди кадри кои се истрошени и веќе докажани политички губитници потврдува нивната носителка на листа за ИЕ 1 Гордана Силјановска Давкова, транзициска профитерка и политички губитник, но силен поддржувач на режимот.

Носителот на листата на ВМРО- ДПМНЕ за втората изборна единица, Владо Мисајловски е криминална инсталација во партијата на Никола Груевски. Тој како министер за транспорт и врски во режимските години има одговорност за пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го остави во инфраструктурата.
Во третата ИЕ ,ВМРО-ДПМНЕ го нуди Игор Јанушев, близок соработник и продолжена рака на Груевски, директно поврзан со режимот и неговото криминално владеење. Познат по недомаќинското раководење со ЈСП и се сомничи за набавката на кинеските автобуси за направена штета од 5 милиони евра, исто така дел од проектот Панорамско тркало. Јанушев не може да понуди ништо ново освен криминал, корупција и злоупотреба на функцијата на штета на граѓаните.
Александар Николоски е уште еден остаток од режимот на Никола Груевски кој беше аминуван како носител од Будимпешта. Тој е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за 4 ИЕ. Николовски е докажан креатор на лажни вести со судска пресуда.
Игор Дурловски носител на листа во 5ИЕ на ВМРО-ДПМНЕ.  Дурловски е силен поддржувач на осудени насилници и криминалци криејќи се зад превезот на лажен патриотизам.
Носителката на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Дафина Стојаноска од Гостивар е кадар и човек од доверба на бегалецот од правдата Никола Груевски.
Стојаноска е против правата на жените, не гласаше за Истанбулската декларација, а си молчеше кога режимот на Груевски ги носеше законските решенија со кои ги дискриминираа жените.
Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори!
Почитувани,
На овие избори, ќе се судрат два концепти и две политички понуди.
Едниот предводен од ВМРО-ДПМНЕ и извшителот Мицкоски кој е концепт на минатото и кој носи враќање назад, изолација, криминал и корупција.
Вториот е предводен од СДСМ и Зоран Заев кој е концепт на сигурна иднина и носи стабилност, повеќе пари, поголеми плати, правда, интеграција во ЕУ и уште поголем и уште побрз напредок.
Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина.
На 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави