Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, кандидатската листа е истата груевистичка кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад.
Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупцијата, изолација, лажни вести.
Кандидатите како Силјановска Давкова или Дурловски се сејачи на омраза и поттикнувачи на поделби. Дури и осудени насилници како Горан Ангелов Ќосето јавно застанаа зад Дурловски со кого најверојатно се блиски по насилствата што ги извршија на 27 април.
Дурловски и самиот поддржува осудени насилници и криминалци криејќи се зад превезот на лажен патриотизам.
Таква е понудата на ВМРО ДПМНЕ насилничка, режимска, криминална и измамничка!
ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на насилството, криминал и режим и затоа со таква понуда ги чека сигурен пораз на 12 април.
Граѓаните не сакаат и нема да дозволат враќање назад, не сакаат и нема да дозволат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина.
Затоа на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните.