Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи седница, на која ќе се гласа за ратификација на пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2653058431574226
И покрај кризата во врска со коронавирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: ратификација на пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО!“, напиша Димитров.
Шпанија е единствената земја членка на НАТО, која сè уште го нема ратификувано протоколот