Симеоне: Облак е најдобриот голман на светот, тој е како Меси во Барса

Тренерот на шпанскиот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по триумфот над Ливерпул (3:2) и пласманот во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите  ги сподели своите впечатоци од изданието на голманот Јан Облак.

Атлетико победи во две продолженија со 3:2, а Облак во неколку наврати го спасуваше својот тим.

– Не се сомневам дека Облакот е најдобриот голман на светот. Јан е неверојатно важен за нас, како Савиќ, Феликс, Фелипе…. Атлетико го има најдобриот голман на светот – тоа е како Меси што го има Барселона, тој го прави резултатот, изјави Симеоне. 

Треба да знаете
Последни објави