Министерот за здравство Венко Филипче на првата денешна прес конференција рече дека разговарал со СЗО и генералните нивни препораки се усогласени со нашите.
-Состојбата на шесте пацинети е стабилна а, кај тројца има влошување на состојбата реализирана преку тешко дишење. Тие сеуште не се на респиратор и тројца се возрасни над 65 години. Ноќеска немало пријавени нови пациенти, аутрово еден пацент се јавил кој доаѓал од Германија и имал висока температура- рече Филипче.
Тој објасни дека од вчера има нова директорка на Кожна клиника,а нема никој од дерматолози кои биле на симпозиум немаат знаци на заболување.
– Разгледавме низа дополнителни мерки и свативме од иалијанското искуство дека само по воведување на најригорозни мерки нема нови случаи на заболени. Треба да бидеме порадикални за да не се шири болеста- вели Филипче.
Министерот за здравство рече дека од Владата се задолжени да купат нови тестови иако има 950 во резерва.
– Исто така имаме наредба да купиме 50 респиратори и два мобилни ренген апарати да бидат на располагање на Инфективната клиника- рече Филипче.