Поранешната американска аналитичарка Челзи Менинг, која достави податоци до основачот на Викиликс, вчера се обиде да се самоубие, два дена пред судењето на кое треба да одговара на обвиненијата за непочитување на судот.
Таа е хоспитализирана и се опоравува.
Менинг требаше утре да се појави пред суд во американската сојузна држава Вирџинија и да одговара на обвиненијатра за непочитување на судот.
Таа беше во затвор во март 2019 година бидејќи одби да сведочи пред големата порота која го истражува Џулијан Асанж, на кој во САД му се суди за објавување на тајни документи.
Менинг кратко беше ослободена во мај 2019 година од технички причини, но неколку дена подоцна е вратена во затвор.