Градот Кнок во северна Белгија ќе биде ставен во карантин до 30 април поради новиот коронавирус, објавија белгиските медиуми. Се очекува официјална потврда од градските власти во текот на денот.
Во отсуства на драстични мерки на национално ниво, градовите и општините во Белгија сѐ почесто преземаат мерки на своја рака за да се справат со новиот коронавирус.
Медиумите јавуваат дека градот Кнок до 30 април воведува серија радикални мерки за да ја спречи заразата. Градоначалникот, Леополд Липенс, најави дека планира да ги забрани сите јавни активности и настани, без разлика дали се одржуваат на отворено или не.
Сите паркови, клубови, културни центри, кина, кафулиња со кои управува општината се затвораат.
Кнок е еден од најтуристичките места во Белгија, на брегот на Северно Море, каде голем број Белгијци заминуваат на одмор.
Останува да се види кои мерки ќе им бидат наложени на приватните компании, продавниците и рестораните.
– Во отсуство на мерки на федерално ниво, интервенираме сами, мислам на здравјето на моите граѓани, не ме интересира што прави Белгија, изјави градоначалникот Липенс.
Пред две недели друг градоначалник на бриселска општина, Оливие Менген, воведе исто така мерки на свои рака и алармираше дека федералната влада несериозно му пристапува на вирусот.