Славниот актер и прекрасната Кубанка минатата недела беа забележани на аеродром во Куба.
А во вторникот, Бен Афкек и Ана де Армас отпатуваа во Костарика, каде што уживаат заедно во романтиченен одмор и долги ни прошетки на плажа.
За нив се ширеа гласини дека романсата започнала за време на снимањето на еротскиот трилер Deep Water („Длабока вода“), во кој глумат брачен пар.
Вљубени, среќни и босоноги на песок… актерката на Бонд чекори припиена до холивудската ѕвезда, а раката на Афлек е околу нејзината половина.
Бен и Ана се зближија то текот на снимањето на трилерот „Длабока вода“ во режија на Адријан Лин, познат по блокбастерите „Фатална привлечност“, „Девет и пол недели“ „Непристоен предлог“ и „Неверна“.
Во „Длабока вода“, Бен глуми добронамерен сопруг кој ѝ дозволува на сопругата (Ана) да има афери за да избегне развод. Меѓутоа, кога љубовниците почнуваат мистериозно да исчезнуваат, тој станува глевен осомничен. Филмот беше сниман во Љу Орлеанс и ќе почне да се прикажува во ноември.