(Видео) Аргентински град прекриен со крв по експлозија на цистерна

Цистерна полна со кравја крв експлодирала во аргентинскиот град Морин, лоциран во поширокото градското подрачје на Буенос Аирес, боејќи сè во црвено, пренесува „Спутник“.

Според првичните извештаи, околу 5.000 литри свежа крв од локалната кланица се разлеала на улиците, а службите за итни случаи сега треба да ја исчистат областа за да се ослободат од смрдеата.

Останува нејасно што го предизвикало инцидентот.

Некои коментари на „Редит“ сугерираат дека крвта може да доведе до чума во градот, предупредувајќи дека инцидентот е многу поопасен отколку што изгледа.

Треба да знаете
Последни објави