Ѕверот е оклопно возило со двојна намена за транспорт и заштита. Неговата улога не е само да ги превезува претседателот на Америка, неговите членови на семејството и службениците од едно до друго место, туку и да ги заштити патниците во случај на вонредна состојба, без разлика дали возилото е во мирување или во движење.
Претседателската лимузина потекнува од „Генерал моторс“, барем кога станува збор за шасијата преземена од моделот на камиони „кодијак“ на „Шевролет“, способен да поднесе режим на интензивна експлоатација, а каросеријата е позајмена од XT6 на „Кадилак“, наведува „Мотор бискуит“.
За да може врховниот командант да биде соодветно заштитен, возилото има оклоп, што е и главната причина за неговата невообичаена тежина од 9 тони. Материјалите што се користат за правење оклопни табли на вратите и шасијата се непознати, но вратите и прозорците, како и во случајот со другите оклопни возила, се дебели и тешки.
Внатрешноста на возилото е непробојна во случај на биохемиски напад, а присутни се и многу необични додатоци, како што е можноста да се испушти солзавец и да се направи облак.
Во случај на итна медицинска интервенција ѕверот е подготвен и на тоа бидејќи е опремен со разни медицински помагала, така што има дури и фрижидер со резерви крв од соодветните крвни групи.
Во случај на неовластен упад во возилото американскиот претседател може да користи лесно оружје скриено во внатрешноста на лимузината.
Сепак, возилото дизајнирано од Тајната служба, раководејќи се од тоа дека не мора да се откриваат сите адути пред потенцијалните закани, останува во голема мера тајно и никогаш нема да се дознаат неговите целосни карактеристики.