Внуката на Елизабета Втора ја одложи свадбата, а принцот Филип прославата на 99. роденден

Принцезата Беатрис (31) требаше да се омажи за својот свршеник, мултимилионерот Едоардо Мапели Моци (34) на 29 мај. Сепак, двојката ја разгледува одлуката повторно да ја преместат свадбата. Според пишувањето на странските медиуми, внуката на кралицата Елизабета Втора (93) и италијанскиот аристократ овој пат имаат проблем поради тешката состојба предизвикана од коронавирусот .

Критичната состојба во северна Италија, која предизвика многу држави да ги затворат своите граници за државјаните од овие региони, може да го отежне доаѓањето на семејството на младоженецот на важниот настан во Велика Британија.

„Иако сè уште не се знае дали Италија ќе биде во изолација до крајот на мај, принцезата и нејзиниот свршеник се загрижени за целата ситуација“, рече близок пријател на двојката.

Тој додаде дека биле откажани и други кралски настани, како што е прославата на 99. роденден на принцот Филип.

Треба да знаете
Последни објави