Грчките власти во изминатите 24 часа, односно во периодот меѓу шест часот наутро вчера, до шест часот утрово, спречиле нелегален влез во Грција кај Еврос, во 741 случај, додека пак биле уапсени две лица, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, уапсените лица се еден од Того и еден од Пакистан.