Во Финска откажани сите јавни собири, 109 лица се инфицирани со новиот коронавирус

Владата на Финска денеска поради новиот коронавирус препорача до крајот на мај да се откажат сите јавни собири со повеќе од 500 луѓе, изјави денеска премиерката Сана Марин.

Владината препорака уследи откако Финскиот институт за јавно здравје потврди дека бројот на заболени од Ковид-19 е зголемен за 50 лица, со што вкупниот број на индицирани се искачи на 109.

Финското Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните да ги избегнуваат патувањата во странство.

Треба да знаете
Последни објави