– Во последните 24 часа во Шпанија со новиот коронавирус се заразиле 782 лице, а 31 починаа. Досега во таа земја се потврдени 3059 заразени, а вкупно од последиците на Ковид-19 починаа 86 луѓе.
Половина од заболените се во главниот град, Мадрид. Од вчера се затворени градинките, училиштата и факултетите во Мадрид и околината, а музеите, базените, театрите, библиотеките и другите културни и спортски центри се затворени од денеска.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, почнувајќи од денеска, сите свои состаноци ќе ги одржува преку видео конференциска врска, откако на министерската Ирена Монтеро и беше потврдено присуството на коронавирус, се наведува во соопштението на Владата.