Допирањето на банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со коронавирус, изјави директорот на германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох“.
„Пренесувањето на вирусот преку банкноти не е од особена важност“, рече Лотат Вилер.
Тој додаде дека најголем ризик се секретите на заразените лица.
Неговите изјави се спротивставуваат на официјалните претставници на Светската здравствена организација, кои ги советувале луѓето да ги мијат рацете по ракувањето со банкноти.