Економијата е приоритет на СДСМ – до 2024 отвораме 100.000 нови работни места, невработеноста ќе паде под 8 отсто

Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои носат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард продолжуваат во наредниот мандат, но сега уште повеќе и уште подобро!

Приоритет, прв столб во нашата програма за следниот мандат е економијата.

За две и пол години ја извадиме земјата од финансиски колапс, обезбедивме највисок раст на платите до сега, пад на невработеноста на рекордно ниско ниво, знаеме сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро.

За две и пол години отворивме 67.000 нови работни места – во следниот мандат, отвораме нови 100.000 работни места.

Стапката на невработеност ја супштивме на историски најниски 16,6 %, а до 2024 повеќе од двојно ќе ја намалиме, под 8 отсто.

Заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани продолжуваат и во следниот 4 годишен мандат.

До крајот на 2024 ќе имаме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра.

Досега покажавме дека со СДСМ платите и пензиите растат повеќе и побрзо.

Затоа покрај платите ќе растат и пензиите и тоа за 21% . Распределено по години 6% во 2021, 7% во 2022 и 8% во 2023 година. Минималната пензија ќе порасне од 8.000 на 10.700 денари.

Досега мерките во земјоделството се покажаа како мошне успешни. Затоа продолжуваме по тој пат уште повеќе и подобро. До 2024 година обезбедуваме бесплатна „зелена” нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците.

Покажавме дека можеме, ќе потврдиме дека можеме уште повеќе и уште подобро

Треба да знаете
Последни објави