Ирина Шајк и Бредли Купер дискретно разменуваа родителски должности

Светски познатата манекенка Ирина Шајк (34) беше фотографирана пред ресторан во центарот на Њујорк додека ја презема ќерката Леа де Сена (2) од поранешниот партнер, актерот Бредли Купер (45).

Бредли Купер и Ирина Шајк дискретно ги разменуваа своите родителски должности.

Првин е фотографиран актерот како влегува во ресторан во центарот на Њујорк со својата ќерка Леа де Сена.

Бредли ја бакнал ќерка си нежно во главата, а таа му се смешкала цело време.

Неколку минути подоцна пред истиот ресторан се појавила манекенката со празна количка, а потоа ја зела својата ќеркичка и ја однела во градинка.

Поранешната двојка е особено фокусирана на тоа да бидат добри родители по прекинувањето на 4-годишната врска.

Треба да знаете
Последни објави