Европската фудбалска федерација (УЕФА) е под се поголем притисок да го одложи јубилејното Европското фудбалско првенство кое од 21 јуни до 21 јули треба да се одржи во 12 градови ширум стариот континент. Според шпанската Cadena SER, поради ширење на коронавирусот УЕФА е многу блиску до донесување на одлука за одложување на Европското планирано. Наместо летово истото да се одигра во периодот во идната 2021 година.
Како вовед за ваква одлука е најавата дека фудбалската сезона во европските натпреварувања од истите причини да биде прекината до смирување на пандемијата. УЕФА се очекува да донесе конечна одлука во наредните денови. Факт е дека фудбалот без навивачи нема никаква смисла, но секоја игра е потенцијален проблем за нова инфекција со коронавирус.
Одлуката за суспендирање на фудбалски натпревари и одложување на Европското за следната година е уште поизвесна откако фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани беше позитивен за коронавирусот и нема да биде изненадување ако УЕФА донесе таква одлука.
Јужноамериканската фудбалска федерација (Конмебол) исто така го одложи стартот на квалификациите за Светскиот куп во Катар и натпреварите нема да се играат на крајот на март.