Режисерот Слободан Унковски вечерва преку порака на Фејсбук го извести министерот Венко Филипче дека тој и семејството на Горан Стефановски и дале дозвола на МРТ бесплатно да ја емитува серијата „Бушава азбука“ со цел да им се пополни времето на децата кои седат дома поради коронавирусот.
-Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко, напиша Унковски.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2335352673438419