По лидерската средба во Владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека биле повикани во Владата каде ги запознале со мерките кои се преземени поради епидемијата на коронавирусот.
„Средбата беше повеќе од информативен карактер. Беше кажано дека истовремено политичките партии можат да доставуваат сопствени предлози во однос на заштита и превенција од коронавирусот. Покрај справувањето со ковид-19, од големо значење ќе биде како ќе се справиме со економските последици кои неминовно ќе дојдат по коронавирусот, Македонија не може да биде имуна, тоа ќе го почувствува и буџетот“ рече Мицкоски.
Тој додаде дека на средбата не се разгледала можноста за одложување на изборите, туку, како што истакна, предизборната кампања ќе се води на поинаков начин.
Мицкоски рече дека има забрана од Владата и дека тие мораат да ги почитуваат законите во однос на забраната за одржување предизборни митинзи.