Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа брифинг со претставниците на Дипломатско-конзуларните претставништва и Мисиите на меѓународните организации акредитирани во и за Република Северна Македонија на којшто беа разменети информации за состојбата со коронавирусот COVID-19.
Брифингот заеднички го водеа министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за здравство, Венко Филипче, осврнувајќи се на превентивните мерки согласно насоките и препораките на Владата на Република Северна Македонија во врска со коронавирусот.
МНР Никола Димитров ги информираше странските претставници во земјава за одлуките донесени од Владата на Северна Македонија, кои важат и за странските државјани кои имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, како и оние кои планираат патување во земјава во наредниот период. Исто така, тој нагласи дека Министерството за надворешни работи останува на располагање како главен контакт за сите странски претставништва во земјава, со цел нивно навремено и точно информирање за новонастанатата ситуација во контекст на COVID-19.
МНР Димитров: „Ваквите предизвици кои не познаваат граници бараат колективен одговор, покрај нужната размена на информации, искуства и ескпертиза. Kоординирана акција како одговор на глобалната закана од овој вирус ја наметнува и потребата од уште поблиска комуникација меѓу владите на сите земји. Клучниот елемент во тоа заедништво треба да е солидарноста и меѓудржавната соработка, да не ја ставаме и неа во самоизолација. Напротив, помагајќи им на другите, во случајов си помагаме и себеси.
Благодарност и поддршка до министерот Филипче и медицинските тимови, кои се во првите борбени линии овој период, посветувајќи го своето време и енергија на навремено и транспарентно информирање на јавноста, вклучувајќи ги и претставниците на Дипломатскиот кор. Им посакувам истрајност и добро здравје за да можат да се грижат и за нашето”.
Министерот за здравство Венко Филипче детално брифираше за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19 и нивното лекување, како и за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем во Северна Македонија со овој вирус.
МЗ Филипче: „Во постојана комуникација и консултација сме со СЗО и во континуитет преземаме мерки за заштита од коронавирусот. Сите капацитети со кои располагаме се ставени на располагање и одлично функционира системот за превенција и контрола за спречување непосакувано ширење на корона вирусот.
Имајќи предвид дека досега беа преземени сите превентивни мерки од Комисијата за заразни болести, домашните експерти, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, како и постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, како и на Институтот за јавно здравје – можеме слободно да информираме дека вродија со плод и во целост се реализираат сите досегашни мерки, а за одличното справување со оваа ситуација добивме потврда и лично од д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, кој беше во државава само пред неколку дена.
Следејќи ги сите актуелни информации и врз основа на стручните препораки на Комисијата за заразни болести и меѓуресорското Координативното тело, денеска се предложени нови дополнителни и зајакнати мерки со цел заштита и превенција на населението. Со ова се подигнува степенот на превенција на уште повисоко ниво, а тоа што е најважно е дека сите сме подеднакво одговорни кога се работи за заштита и превенција и сите ние треба да бидеме пример за висока одговорност и со личен пример да дејствуваме во насока на заштита и унапредување на здравјето.
Дозволете во оваа прилика да наведам некои од дополнителните мерки, што денеска беа предложени до Владата – предложивме забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Исто така, да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравстевни установи се откажуваат сите хронични пациенти чијашто интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите.
Дополнителни мерки, предложени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство ќе ги разгледа Владата на попладневната седница.
Последна информација е дека се негативни резултатите од тестот за коронавирус на пациентот кој денеска во утринските часови со висока температура се јавил на Клиниката за инфективни болести. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 9 пациенти со коронавирус, од кои шест се во стабилна здравствена состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување што значи имаат поотежнато дишење, но се уште не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата. Тројцата се на возраст над 65 години.“