Ники Хилтон и ќерката Лили-Грејс во исти кафеави капути

Таа минатата недела се здружи со постарата сестра, Парис Хилтон, за кампањата Fashion For A Cause („Мода со причина“). А сега Ники Хилтон се облекува исто како и нејзината тригодишна ќерка Лили-Грејс Ротшилд на ладен ден во Њујорк.

36-годишната Ники му пркоси на њујоршкиот студ во теди капут, дефинитивно најпопуларното парче облека што потсетува на плишано мече. А Лили-Грејс, мала верзија на Ники, е облечена исто како мама.

Модната дизајнерка својот изглед го дополни со мала чанта Хермес Биркин, најскапата чанта на светот чија вредност е 18.000 американски долари.

Биркин чантата е легендарен модел на парискиот луксузен бренд Хермес именуван по Џејн Биркин – актерка, пејачка, хуманитарка, ѕвезда, модна икона.

Има дури и листа на чекање за да се купи оваа чанта. Во 2016 година беше прогласена за инвестиција повредна од злато.

 

Треба да знаете
Последни објави