Чесно и искрено треба на граѓаните да има кажеме дека за 2,5 години ја извлековме земјата од состојба пред граѓанска војна, од заробена држава до членство во НАТО, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашната дебатна емисија Топ Тема.
Тој додаде дека на 17 март е закажана седница на горниот дом на Шпанскиот парламент, на која на дневен ред е ратификацијата на членството во НАТО на нашата држава, по што следува полноправно членство во најмоќниот сојуз на светот.
Со тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека може да има членство во НАТО без Преспанскиот договор ги манипулира граѓаните, нагласи Николовски, додавајќи дека во СДСМ сме целосно фокусирани, насочени кон граѓаните и немаме намера да се занимаваме со лагите кои секој ден ги пласираат Јанушев и ВМРО ДПМНЕ.