Словенечкиот претседател Борут Пахор ги повика граѓаните, секој во своите можности да ја помогне колективната борба против коронавирусот.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова вонредно обраќање на Пахор доаѓа откако Владата прогласи епидемија.
– Ќе помогнеме така, ако се грижиме за своето и здравјето на другите. Ќе си помогнеме, ако бидеме пријатни едни кон други. Ваквите кризи го тестираат човечкиот карактер – изјави Пахор и повика сите граѓани максимално да се придржуваат кон препораките на докторите за заштита од ширењето на коронавирусот.