Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(24) од Скопје, полициски службеник од СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“.
На 26.02.2020 на улицата Славеј Ѓерѓиевски Шнајдер, при преземање на службени дејствија го удрил Д.К.. За настанот изготвил службен материјал во кој навел дека бил физички нападнат и веднаш потоа се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а истиот ден било пријавено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.