Од изутрината во седум часот се затворени граничните премини Прохор Пчински и Рибарци согласно насоките од Владата на Србија за состојбата со коронавирусот, поради што возилата и патниците од нашите граничните премини што сообраќаат таму ќе бидат пренасочени.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи, сите патници и возила од преминот Пелинце ќе се пренасочуваат на граничен премин Табановце-Прешево, а тие од нашиот граничен премин „Голема Црцорија” – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.