– Словенечкото собрание утревечер на вонредна седница ќе гласа за новата влада предводена од Јанез Јанша. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, до петок пред соодветните собраниски комисии треба да заврши сослушувањето на сите 16 кандидати за министри.
За владата на Јанша да ја добие довербата на пратениците, потребно е најмалку 47 пратеници да гласаат „за”. Според тоа колку пратеници има новоформираната коалиција, сосема е извесно дека во петок Словенија ќе добие нова влада.
Најголем дел од кандидатите за министри веќе извршувале таква функција, а дел биле пратеници во Собранието.