– Откако еден член на екипажот пријавил сомнителни симптоми, траект со 214 патници и 77 членови на екипажот од два часот по полноќ е закотвен на грчкиот остров Лимнос, во исчекување на резултатите на лицето за коронавирусот, за јави дописничката на МИА од Атина.
Траектот, што сообраќа на релација Кавала – Пиреас со попатни станици на неколку грчки острови, од пристаништето во градот Кавала тргнал синоќа, со еден час задоцнување, во 22.30, откако, според грчките медиуми, капетанот побарал член на екипажот со брза помош да биде пренесен во болница, бидејќи имал висока температура.
Бродот, со 341 патник и 77 членови на екипажот го продолжил патувањето кон островот Лимнос, каде што 127 лица се симнале. Пред да тргне од островот кон следната станица, капетанот добил известување од надлежните во Кавала дека членот на екипажот се смета за сомнителен случај на коронавирусот и никој да не го напушти траектот.
На 127-те лица кои веќе се симнале, според грчките медиуми, им било соопштено да бидат во домашна изолација, сѐ додека не излезат резултатите за коронавирусот.
Патникот од бродот за грчката телевизија „Скај’ рече дека на Лимнос се од 2.15 часот по полноќ и не им е дозволено да го напуштат траектот.