Миливоје Брза Брковиќ е уапсен поради ширење паника затоа што на „Фејсбук“ објавил дека веќе има 13 лица заразени со коронавирус во Црна Гора.
Полицијата влегла во неговата куќа во населбата Загорич, а потоа и на приватно славење на првиот роденден и крштевањето на неговата внука.
-Имам информации дека тринаесет случаи во Црна Гора се заразени со вирус. Уште еднаш се покажува дека нашите институции не ја вршат својата работа и дека не реагираат навремено. Нашите сограѓани да имаат брзо закрепнување!”- напишал на „Фејсбук“.
Црногорскиот министер за здравство, Кенан Хараповиќ, рече дека нема регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора.