УЕФА утре ќе излезе со упатство како и дали воопшто ќе продолжи сезоната

Ширењето на коронавирусот го менува секојдневниот живот ширум светот. Овој глобален здравствен проблем со кој секојдневно се соочува населението не ги заобиколува ниту спортистите. Во прашање се доведени продолженијата на првенствата на стариот континент. Националните федерации веќе применуваат мерки кои ги донесуваат државните институции, а помош бараат и од меѓународните спортски организации под чија капа се играат најразлични клупски и репрезентативни натпреаврувања.

Еден од загорозените спортови е и најпопуларниот – фудбалот, каде почнаа да се играат натпревари од Лигата на шампионите и Лига Европа без присуство на гледачи, а националните федерации од УЕФА бараат да ги одложи плеј-оф мечевите за палсман на завршницата од ЕП-2020, па и дури и самата завршница која треба да се игра летово.

Меѓу оние кои побараа одлагање е и Фудбалската федерација на Македонија за репрезентативниот натпревар Македонија – Косово, од Лигата на нации закажан за 26 март во Скопје. Средбата сигурно ќе се игра зад затворени врати за навивачите, но прашање е дали и воопшто ќе се одигра, бидејќи половината од македонските репрезентативци играат за клубови во земји каде е прогласена вонредна состојба, и по нивното пристигнување во земјава, ако тоа биде овозможено, ќе мораат да заминаат во задолжителен 14 дневен карантин бидејќи пристигнуваат од ризични подрачја.

Затоа ФФМ од УЕФА очекува позитивен одговор. Дали ќе биде така ќе биде позната во текот на утрешниот ден за кога е најавено да се огласат од Нион со упатство како понатаму, или да соопштат дека привремно се замрзнуваат сите активности. Одлагање не чека само ФФМ, туку и другите учесници во разигрувањето од Лигата на нации бидејќи се соочуваат со истите проблеми.

 

Треба да знаете
Последни објави