– Кандидатот за романски премиер Флорин Читу денеска се откажа од кандидатурата за премиер, неколку минути пред закажаното парламентарно гласање за доверба.
Со Романија во моментот управува привремена центристичка Влада на премиерот Лудовик Орбан, кој има ограничени овластувања, откако во февруари и беше изгласана недоверба.
Либералите се залагаат за одржување на предвремени парламентарни избори во земјата.