Епидемија со коронавирус би можела да трае четири месеци во Шпанија, втората земја по бројот на заболени во Европа, изјави претставник на шпанската здравствена служба.
„Воведените мерки ќе имаат ефект наредните десетина дена, само за да се запре ширењето на коронавирусот. Но, до запирање на неговото пренесување и до крај на оваа епидемија нема да дојде. Во најдобар случај, ќе трае уште еден месец и половина или два месеци. Ако работите не одат како што треба, ќе трае од 3 до 4 месеци“, изјави Фердинандо Симон на прес-конференција во Мадрид, откако брзо се зголемува бројот на луѓе заразени од неделата.
Во Шпанија, во средата се пријавени 2.231 случаи на коронавирус. Досега починале 54 лица починале, а 183 се излечиле.Во главниот град Мадрид, се половина од заболените.
Градинките, училиштата и факултетитесе затворени во Мадрид и околината, а од денеска се затвораат и музеите, базените, театрите, библиотеките и другите културни и спортски центри.
Леб и месо недостасувале на полиците на голема продавница во центарот на Мадрид, а клиентите сè повеќе купувале млеко и тоалетна хартија. Некои вработени работат од дома откако владата ги повика компаниите да го олеснат работното време и да им дозволат да работат од дома.Издадени се предупредувања кај оние кои не го дозволуваат тоа.
Во Каталонија, откажани се сите настани што собираат 1.000 или повеќе луѓе.Шпанија ги прекина сите летови до и од Италија.