Анкара не размислува за можноста за повлекување на своите воени сили од Идлиб каде се наоѓаат 12 набљудувачки позиции, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
-Нашето (воено) присусто во Идлиб, со сите наши елементи, продолжува. Повлекување на нашите сили не доаѓа предвид. Сите наши сили остануваат таму каде што се, рече Акар, пренесен од аганецијата Анадолија.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на 5 март во Москва разговараа за договор на прекин на огнот и серија други мерки за стабилизација на ситуацијата во Идлиб, пренесе Тасс.
Русија и Турција на 15 март ќе почнат заедничко патролирање по автопатот М4, по чија должина ќе биде поставен безбедносен коридор. Москва и Анкара ја повторија својата посветеност за почитување на сирискиот суверенитет, и се согласија да ја продолжат војната против тероризмот.