Тројката Анџелина Џоли – Бред Пит – Џенифер Анистон, како и сите детали од нивните животи, не престануваат да ја интригираат јавноста. Откако во последно време повеќе внимание привлекуваа Бред и неговата поранешна сопруга, Џенифер Анистон, и нивната љубов која според пишувањата на странските медиуми не е згасната, Анџелина остана во втор план. Додека многумина очекуваа свадбени ѕвона помеѓу Бред и Џенифер, изгледа дека Анџелина ќе ги престигне. Всушност, според пишувањето на таблоидот „Life&Style“, 44-годишната актерка наскоро ќе се венча.
Медиумот тврди дека Анџелина и нејзиниот нов партнер кој што е милијардер и се уште не се открива неговиот идентитет, планираат да стапат во брак во Франција.