По италјанската фудбалска Серија А и во шпанската Примера се прогласува мораториму во наредните две недели. Ваквата одлука за прекинување на активностите во шпанското првенство дојде откако утрово Реал Мадрид објави дека неговите играчи ќе бидат во карантин во наредните две недели.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека УЕФА прави чекор понатаму во превентивните мерки откако на некои натпревари ги затвори вратите за гледачите, а сега планира да го прекине и натпреварувањето во Лига на шампионите и Лига Европа. Реал во вторник треба да го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Пред да замине Реал во карантин, истото го направи и италјанскиот Јувентус откако бекот Даниеле Ругани бил позитивен на тестот на коронавирусот.



