Актуелниот европски првак Ливерпул се прости од одбраната на титулата во осминафиналето од Лигата на шампионите со пораз пред своите гледачи од шпанскиот Атлетико (2:3). Лидерот во англиската премиерлигашка каонкуренција каде е на чекор од освојување на титулата во националниотшампионат по пауза од 30 години е депримиран што уште во првата елиминаторна фаза заврши со настапите во елитното клупско натпреаврување. Избраниците на германскиот стратег Јирген Клоп се изнапромашува во дуелот со Атлетико Мадрид. Создадоа многу шанси. Може да го решат победникот уште во регуларниот дел, но голманот на Атлетико, Јан Облак беше на висина на својата задача. Гостинот од Мадрид во продолжението од натпреаврот иако губеше со 2:0 не се предаде и ги казни грешките на домаќинот со целосен резултаски пресврт.
–Ги видовме сите голови кои ги примивме. Не треба да примаме такви голови. Тешко е да се објаснат овие голови, но тоа е. Не ми е јасно зошто Атлетико игра таков фудбал. Со фудбалерите кои ги имаат можат да играат вистински фудбал, но тие играат дефанзивно шасна бараат на контри. Изгинавме на теренот против состав со поединци од светската класа кои се бранат во два реда со по четири фудбалери. Да бидам искрен, не се чувствувам добро. Би можел да кажам многу работи и би изгледал како најлошиот губитник во светот. Не го разбирам начинот на кој играат тие. Но победија – вели Клоп.