– Европските акции денеска забележаа пад од 11,5 отсто, најголем за еден ден во историјата на тргувањето, со оглед на тоа дека инвеститорите се вознемирени од вестите за епидемијата на коронавирусот.
Европскиот берзански индекс STOXX 600 го заклучи тргувањето на 294,93 бода. Од средина на февруари е ослабен за речиси третина. Истовремено, индексот на волитилноста, показател на стравот на пазарите, се искачи на најголемо ниво од финансиската криза во 2008 година.
Европската централна банка (ЕЦБ) денеска најави нова програма за купување имоти и поволни кредити за банките за да обезбеди ликвидност и финансирање на економијата погодена од кризата со коронавирусот. Но, и покрај поволните кредити, банкарските акции паднаа, посебно во Италија, чиј берзовен индекс го заклучи тргувањето во минус од речиси 17 отсто, шпто е најмногу во историјата.
Падна и шпанскиот берзовен индекс, кој исто така опфаќа доста банкарски акции, за 14 отсто.
Посебни загуби претрпе секторот за патувања и забава, кој падна за 13,2 отсто, притиснат од падот на акциите на Ер Франс КЛМ, Луфтханза и сопственикот на Бритиш ервејз ИАГ откако САД ги ограничи патувањата од Европа.