Одговорност ќе има, правдата ќе ги стигне сите. Имаме Закон за јавно обвинителство, создадени се условите за реформи во судството. Ќе го прочистиме судството од Груевски и од судиите од тефтерчињата, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашната дебата Топ Тема на Телма телевизија.
Се боревте против Законот за јавното обвинителство, се што правите е да ја спречите правдата и да го вратите криминалот. Неколку министри и заменици министри за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ беа во притвор, јас одговорно, неселективно ја сработив мојата работа. Кога јас поднесував кривични пријави тоа го правев јавно, и со докази. Одговорност ќе има, правда ќе ги стигне сите што го прекршиле законот. Се што прави ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев е да ја спречат правдата, одговорноста на Груевски, кој ги напиша нивите листи. Груевски ги напиша листите на ВМРО-ДПМНЕ и одреди Јанушев да биде на нив “, рече Николовски.