„Ние сме седум до осум месеци во системска комуникација со граѓаните. За нас буквално теренските активности се перманетни активности, со нови методи и алатки, кои што ги воведовме. Пред се тоа беа активности за заокружување на содржината на програмата, и на понудата со кандидати. Не го отвораме прашањето за одлагање на изборите, освен што може да се сменат алатките во комуникација.“ – изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во емисијата Топ Тема на телевизија Телма. Тој ја повика ВМРО ДПМНЕ да престане да ја злоупотребува ситуацијата и да шири дополнителна паника. „Согласно следење на препораките од надлжените, здравјето е пред се и тука нема дилема, сметам дека граѓаните имаат апсолутна доверба во институциите, во министерот, и сметам дека сме земја која сеосмеа претпазливо, соодветно ифнроамира, и презема мерки. На седница на Владата има нов пакет мерки и ние само мораме да ги следиме нивните пропораки и целосно да ги почитуваме. Не може партискиот инетрес да биде над здрвајето на граѓаните. Наместо да шириме лажни вести, да дадеме поддршка на институциите. Ова а време кога граѓаните имаат доверба во системот, се друго е небитно. Престанете со злоупотреба на оваа тема во политички цели. Не дефокусирајте и не зборувајте за други теми.“- дополни Николовски. Тој појасни дека постои кризен штаб и дека јавноста се известува во детали секој ден