Со оглед на новонастанатата ситуација, препораките и мерките донесени од Владата коишто се однесуваат на коронавирусот, „Авалон Продукција“ соопшти дека мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам се одложуваат.
Од Авалон велат дека континуирано работат за да обезбедат нови дати за концерти во месец мај.
Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот.