Тенискиот турнир во Мајами, кој требаше да започне за две недели, е откажан поради пандемијата со коронавирус, пренесе „Скај Италија”.
Мајами опен е втор тениски турнир на толку високо ниво кој се откажува поради коронавирус. Оваа недела, сличен турнир не се одржува во Индијан Велс во Калифорнија.
Утрово беше донесена одлука за стпорање и на финалето и плеј-офот на Купот на федерациите, закажано за средината на април. Мечевите од овие натпреварувања се одложени на неодредено време.