Досега во Црна Гора не се пријавени случаи на коронавирус, меѓутоа граѓаните почнале на големо да купуваат брашно и основни животни намирници.
Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека рафтовите во продавниците или супермаркетите се речиси празни, објави подгоричкиот портал ЦдМ.
Како што е наведено, граѓаните купуваат брашно, масло, сувомесни производи, но и средства за
хигиена.
Во супермаркетите во Подгорица има голема навалица, сето тоа поради паника предизвикана од социјалните мрежи, но и пораките кои кружат меѓу граѓаните во кои велат дека постои коронавирус во Црна Гора и дека владата официјално ќе ги објави информациите в четврток.
Владата и Министерство за здравство во средата објавија дека нема коронавирус во Црна Гора.