На 12.03.2020 во 03.00 часот било пријавено дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(40) од Скопје, удрило во бандера и ограда.
Во незгодата А.Г. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.