Сузана Николовска е новата директорка на скопската Клиника за Кожни болести. Николовска дојде на местото на сменетата директорка Нина Цаца Биљановска откако пред неколку денови истата беше разрешена. Цаца Биљановска една недела криела дека има симптоми на корона вирусот и нормално си одела на работа. Таа во моментот е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и нејзината состојба е стабилна.