Во борбата против ширењето на коронавирусот, Австрија од полноќ ќе затвори 47 помали гранични премини кон Италија, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Станува збор пред сè за планински гранични премини, кои се затворени по декрет на министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер.
Со регулативата е предвидено и дека пограничниот сообраќај на регионалниот пат кај Терл-Маглерн е дозволен само меѓу 6 до 21 часот.
Остануваат отвроени поголемите гранични премини на сообраќајните правци како Решенпас, Бренер, Силијан и Терл-Маглерн, но останува на сила валидната одлука патниците од Италија да не се пуштаат во земјата без лекарска потврда дека не се заразени со вирусот.